НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ КОЈ ПИЈАЛОК НАЈДОБРО ГО СНИЖУВА ШЕЌЕРОТ: Нема да дадете ни денар, а ќе решите ОПАСЕН ПРОБЛЕМ како од шега

1 јули, 20220
dijabetes-2

Високиот шеќер во крвта може да предизвика сериозни здравствени компликации, дури и кога не ви е дијагностициран дијабетес, а еден пијалок помага да се намали.

Британски портал посветен на дијабетес, третман и превенција од оваа болест, откри дека постои пијалок кој се покажал како најдобар кога станува збор за намалување на гликозата во крвта. Научниците велат дека обичната вода помага на најефикасен начин да се исфрли вишокот шеќер од телото.

„Бидејќи водата не содржи јаглехидрати и калории, таа е идеален пијалок за лица со дијабетес“, пишува порталот.

Според истражувањата, дијабетичарите треба да внесуваат повеќе вода бидејќи нивните бубрези работат „прекувремено“ обидувајќи се да го излачат вишокот шеќер. Водата е таа што помага гликозата природно да се „ослободи“ од крвта.

Исто така, високото ниво на шеќер може да доведе до дехидратација, па лекарите препорачуваат дијабетичарите да пијат до осум чаши вода дневно.

Високото ниво на шеќер ќе можете најсигурно да го откриете ако ја измерите гликозата во крвта, но има и некои симптоми кои укажуваат дека постои проблем.

Ова се најчестите симптоми на висок шеќер во крвта:

Зголемена жед;

Често мокрење;

Хронична кашлица;

Скратен здив;

Пецкање во очите;

Заматен вид;

Тешкотии во читањето;

Црвенило на очите;

Чувство на туѓо тело во окото;

Непријатност при носење контактни леќи;

Зголемено солзење на окото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *