Нема јајца и е совршен за целото семејство за ефтини пари: Испробајте освежувачки ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД

7 јули, 20220
341899_sladoled-od-kokosa-shutterstock-661355968_ff

Состојки:

150 гр кисела павлака
150 мл кокосово млеко
75 гр шеќер
75 гр бело чоколадо
4 лажици кокосово брашно
150 мл слатка павлака
половина лажичка арома на ванила

Подготовка:

Прво треба да ја изматите слатката павлака за да добиете цврст снег, а во меѓувреме стопете го белото чоколадо и оставете малку да се излади.

После тоа, во посебен сад изматете го шеќерот, кокосовото млеко, павлаката и секако аромата на ванила. Изматете додека не се формираат меурчиња на површината. На сето тоа додадете шлаг крем и постојано мешајте. После тоа, треба да додадете кокосово брашно и стопено чоколадо.

Добиената смеса чувајте ја во замрзнувач најмалку 4 часа.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *