ОМИЛЕНИОТ СПОРТ НА ЏИЏИ И БЕЛА ХАДИД Е БОКСОТ: Најбрзиот пат до витко тело и здрав ум

27 мај, 20220
Alice-Delal-0503106526

Џиџи и Бела Хадид, Карли Клос, Жизел Бундшен, Адријана Лима, Џордан Дан и Џоан Смолс се само дел од супермоделите кои остануваат во завидна форма благодарение на боксот.

Овие познати жени ги открија придобивките од овој спорт кој им помага да ангажираат различни мускулни групи, но да се ослободат од стресот, да се фокусираат и да го подобрат менталното здравје.

 Gigi Hadid voli boks

„Боксот е спорт на издржливост кој е најлесниот начин да се постигне витко тело. Удирањето бара ротационо движење кое доаѓа од стапалата и минува низ телото, што резултира со цврсти стомачни. Повторувањето на движењето вклучува повеќе мускулни групи отколку што би било случај со кој било друг вид на вежбање, како што се трчање или аеробик“, изјави поранешниот капитен на англискиот боксерски тим Џорџ Венес за британскиот Вог. Движењето напред-назад, лево-десно и кружно вклучува различни мускулни групи, што е добро за развој на овие мускули, но и за спречување на повреди.

Покрај физичкиот изглед, боксот придонесува и за сила, подобра координација и рамнотежа, а манекенките го сакаат токму поради тоа што немаат чувство дека се работи за кардио вежба.

Покрај придобивките за телото, боксот може да му направи добро на умот бидејќи ја подобрува концентрацијата, менталната сила и расположението, па лекарите во Велика Британија го препорачуваат на луѓето кои страдаат од депресија и други ментални болести.

 Adriana Lima se bavi boksanjem

„Кога боксувам, толку психички се занесувам што заборавам на сè друго. Заборавам да вежбам и кога ќе заврши тренингот прашувам – чекај, готово е? Секогаш сакаш повеќе“, изјави обожавателката на боксот Џиџи Хадид.

За да ги изведувате вежбите правилно, да го извлечете максимумот од тренингот и да спречите можни повреди, дефинитивно се препорачува вежбање со тренер за бокс. А што може да очекувате и за каков вид на вежбање се работи, покажа Адријана Лима:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *