Оптичка илузија која ги тестира вашите очи и ум: Можете ли да сфатите што се случува?

25 септември, 20220
opticka-iluzija-spirala-830x0

Дали мислите дека сте посебни?

Новата оптичка илузија е дизајнирана да ги стави на тест вашиот ум и очи, а илузијата се случува кога зјапате во средината на оваа спирала, пишува „The Sun“.

Додека гледате во средината, спиралата ќе почне да се замаглува и ротира, иако самата слика е целосно статична.

Вашите очи ќе можат да видат движење, иако фотографијата е целосно неподвижна. Гледањето во оваа спирална шема произведува хипнотички ефект познат како „послеефект на спирално движење“.

Како што вашите очи се прилагодуваат на движењето на спиралата, статичната слика потоа се намалува или расте во спротивна насока.

Се вели дека гледањето на овој вид спирална слика долго време може дури и да влијае на вашата способност да читате зборови кратко време после тоа, бидејќи тие можат привремено да „скокнат“ пред вашите очи.

Бавин Шах, бихејвиорален оптометрист ги објасни овие типови на илузии:

– Ротациското движење е предизвикано од сложената обработка на сигналот на сликата. Мозокот претпоставува дека очите се стабилни и не се движат, затоа мора да претпостави дека наместо тоа мора да се движи шаблонот, па шемата почнува да се движи – рече тој.

„Некои луѓе имаат повеќе вакви ситни движења на очите од другите, а некои се почувствителни на контраст во шемата, така што може да има варијации во изгледот на движењата“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *