ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА РАСКИНУВАЊЕТО НА ШАКИРА И ПИКЕ? Неговите пријатели ѝ дале ПРЕКАР бидејќи била НЕПРИЈАТНА – нови шок детали!

30 јуни, 20220
Screenshot_1

Шпекулациите за раскинувањето на Шакира и Жерар Пике продолжуваат, а извор близок до колумбиската ѕвезда сега навести дека финансиските проблеми се виновни за крајот на нивната долгогодишна врска.

 

Поранешното момче на една од сестрите на пејачката, Роберто Гарсија, за шпанските медиуми изјавил дека проблемите меѓу парот започнале поради парите.

 

Имено, Пике наводно од партнерката побарал голема сума пари за да ги инвестира во други бизниси, по што пејачката откако се консултирала со родителите го одбила.

 

„Колку што знам, меѓу нив двајца има економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира, а нејзиното семејство решило да го одбие. Тие не си ги мешаа парите“, рекол Гарсија, додавајќи, „Шакира инвестирала и во други бизниси. Имала идеја да направи нешто на Бахамите. Таму настанале проблемите“.

 

Роберто, исто така, тврди дека врската на двојката веќе долго време била „на разнишана земја“ и дека пејачката никогаш немала намера да се омажи за фудбалер.

 

„Таа врска беше нарушена долго време, но на јавноста ѝ даваа слика дека се е во ред. Шакира се фокусираше на Пике бидејќи ѝ се допаѓаше тој да биде татко на нејзините деца. Знаеше дека никогаш нема да се омажи за него”, рекол тој.

 

Од раскинувањето, шпанските медиуми споделија бројни детали за нивната врска, а еден од најновите е дека најблиските пријатели на пејачката наводно ја нарекле пејачката „La Patrona“ (превод – шефица), поради нејзиното однесување.

 

Од друга страна, некои објавија и дека колумбиската пејачка има намера да се пресели во САД.

 

Иако парот никогаш не се венчал, Шакира и Пике би можеле да ги изнесат своите несогласувања на суд каде ќе се решаваат нивните права над синовите Милан и Саша.

 

Ѕвездите, потсетуваме, го потврдија раскинувањето на врската со заедничка изјава, која дојде по гласините дека фудбалерот ја изневерил Шакира. Оттогаш, Шпанецот се поврзува со бројни девојки, а наводно веќе влегол во нова љубовна врска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi