Поубав фустан одамна не сте виделе! Амал Клуни во РЕТРО МОДНА БАЈКА предизвика воздишки во Њујорк и целиот свет

30 септември, 20220
346061_amalkluni_ff

Во духот на дваесеттите и со комбинација на златни и сребрени тонови, познатата адвокатка уште еднаш ја оправда титулата на една од најдобро облечените жени во светот

Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга и позната адвокатка Амал овие денови често се на мета на папараците во Њујорк.

По летувањето на езерото Комо, каде што имаат луксузна вила, парот се врати во Големото јаболко, со фоторепортери зад петиците речиси секој ден.

Па имавме можност да погледнеме низа тренди модни изданија на познатата Амал Клуни наменети за полежерни пригоди, а сега таа ни се претстави во полн сјај – на црвениот тепих!

Двојката присуствуваше на наградите Алби, доделени од Фондацијата за правда на Клуни, во Јавната библиотека во Њујорк. Познатата адвокатка во оваа прилика се појави во една од најубавите комбинации што досега ги носела, а последните години имавме можност да ја видиме во безброј елегантни комбинации.

Амал очигледно била инспирирана од стилот на 1920-тите, па избра ретро фустан од модната куќа Версаче – модел направен од низа мониста и кристали во златни и сребрени тонови.

346058_amalkluni003_ff
346057_amalkluni002_ff
346059_amalkluni004_ff
346062_amalkluni005_ff
346056_amalkluni001_ff
346060_amalkluni006_ff
346061_amalkluni_ff (1)

Необичниот фустан е украсен со бројни реси, полупроѕирен е, во горниот дел има корсет, додека е поддржан од широки прерамки и зрачи со винтиџ атмосфера!

Шик тоалетата е структурирана така што мониста каскадира по телото како водопад, истакнувајќи ги нејзините контури и женственост.

Г-ѓа Клуни го дополни овој фустан со златна мини чанта и сребрени сандали, додека косата ја пушта да паѓа во бранови – совршено за оваа пригода!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi