Адел отвори фирма: Еве со што друго ќе се бави славната пејачка

По примерот на нејзините познати колешки, британската пејачка Адел (35) наводно ќе лансира сопствен бренд на козметика, пишува The Mirror.
Пејачката основаше нова компанија и аплицираше за трговска марка под името The Shelbourne Collective. Се претпоставува дека таа ќе започне со производство на сенки слични на оние што ги носи на настапите.
Може да продава и производи за нега на тело, вклучувајќи креми и лосиони, како и кармини и мелеми за усни, заедно со парфеми, накит, часовници, па дури и долна облека.
Неодамна, водителот на UK Radio 2, Скот Милс, тврдеше дека Адел им дозволува на нејзините шминкери да влезат во нејзиниот стан преку ноќ и да ја пробаат нејзината шминка додека спие.
Да потсетиме, колешките на Адел Ријана, Аријана Гранде, Селена Гомез и многу други започнаа многу успешни козметички брендови.
Во септември оваа година брендот на Ријана вредеше 2,8 милијарди долари, а брендовите на сестрите Кардашијан се меѓу најуспешните.