АКТЕРОТ ГО ИСКЛУЧУВААТ ОД АПАРАТИТЕ! Семејството носи тешка одлука да стави крај на неговиот живот, нема повеќе надеж!

popara2 март, 20231min00
Screenshot_3

Семејството на холивудскиот актер Том Сајзмор објави дека нема повеќе надеж за закрепнување по аневризмата на мозокот.

 

 

 

Семејството потврди дека наскоро ќе мора да донесе одлука да го исклучи апаратот на кој се одржува глумецот во живот.

 

61-годишниот актер се наоѓа во кома на одделот за интензивна нега во болницата Провиденс Сен Џозеф во Лос Анџелес, откако беше хоспитализиран на 18 февруари.

 

„Денес, лекарите го известија неговото семејство дека нема надеж и препорачале одлука за крај на животот. Семејството сега одлучува за крај на животот, а понатамошна изјава ќе биде издадена во среда“, рече претставникот на Сајзмор, Чарлс Лаго.

 

„Ве молам за приватност за неговото семејство во овие сериозни мигови. Семејството сака да им се заблагодари на стотиците поддршки и молитви што ги добиле. Ова беше тежок период за нив“, додаде тој.

 

Сајзмор, кој глумеше во филмови како што се Saving Private Ryan, Heat и Black Hawk Down, беше пронајден во несвест во неговиот дом во Л.А.-на 18 февруари околу 2 часот наутро, откако паднал по мозочен удар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag