Бијонсе за роденден изнајмила 11 вили! Една вечер платила дури 20.000 долари, прославата траела три дена
19 септември, 20230
Пејачката Бијонсе направи пауза од турнејата Renaissance за да го прослави роденденот. TMZ пренесе дека го прославила во луксузното одморалиште The Brando во Франција со семејството и пријателите и дека изнајмила синџир од 11 вили за сите гости.
Во главната вила престојувала со сопругот Џеј Зи за која платиле 20.000 долари од ноќ. Имале четири соби, за разлика од другите кои имале по една, две или три.
Според странските медиуми, прославата траела од 5 до 8 септември. На денот на роденденот на 4 септември, Бијонсе имала концерт на кој присуствувале околу 70 илјади фанови, а на сцената изненади и пејачката Дијана Рос, која е нејзин модел.