Болно е, но останете присебни: Што да правите ако партнерот одеднаш почнал да ве ИГНОРИРА?

24 јануари, 20230
telefon-krevet-poruka

Не е невообичаено луѓето кои се во врска долго време да ги игнорираат партнерите.

Без објаснување што се случило – а тоа почесто го прават мажите.

Тогаш пред жените има безброј прашалници, а тие не можат да престанат да си го заморуваат мозокот со прашањето што згрешиле. Постојат неколку потенцијални причини, па доколку некогаш се најдете во таква ситуација, размислете за следново.

Почувствувал дека сте повеќе заинтересирани од него

Понекогаш, кога мажите почнуваат да забележуваат дека жената е „луда“ по нив, губат интерес и не сакаат да бидат во таква врска. Тие не сакаат да ја менувате вашата рутина за да им угодите, а не треба ниту вие, заради себе.

Освен тоа, понекогаш мажите не можат да се справат со вашите чувства, особено ако се интензивни.

Некои мажи, штом почувствуваат дека жената не е претерано заинтересирана, бегаат од неа. Тие не сакаат да се доведуваат во ситуација да бидат повредени или оставени, па претпочитаат сами да раскинат. Во оваа ситуација, можете да ги поправите работите – само потрудете се малку повеќе и покажете поголем интерес за него.

Не сака да се кара, полесно му е да игнорира

На мажите им е многу тешко да влегуваат во конфликти и расправии со жените, а експертите велат дека тоа е така затоа што сакаат да ги избегнат солзите на жената поради кои се чувствуваат виновни. Ако го прашавте што не е во ред, а тој не сака да открие, пуштете го. Му дадовте шанса да каже што го мачи, а ако не сака, најдобро е секој да тргне по својот пат.

Додека некои мажи го посветуваат своето внимание само на една жена и излегуваат со неа, други сакаат да „бираат“ и да бидат со неколку жени во исто време за да ги „истражат сите опции“. Кога таквите мажи ќе решат да се посветат на само една жена, многу е веројатно дека целосно ќе го прекинат контактот со сите други.

Бидејќи не можете да го промените карактерот, кога ќе забележите дека не излегува само со вас, треба да му кажете што очекувате и од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi