Вереницата на Кристијано Роналдо ги налути луѓето со новиот фустан: „Треба да имаш повеќе почит“
Вереницата на Кристијано Роналдо се појави на доделувањето на Joy Awards, една од најголемите церемонии за доделување награди во арапскиот регион во чест на познатите личности за нивните достигнувања, и го сврте вниманието кон себе.
Георгина носеше долг кадифен фустан со голем шлиц од страна и истакнато деколте, а на главата имаше црна, проѕирна марама.
Токму марамата предизвика многу дискусија во коментарите под нејзините фотографии.
„Би требала да го почитуваш хиџабот, тоа не е моден додаток“, гласеше еден од коментарите, а потоа продолжија да следат други реакции: „Ја покрила главата, а ја исфрлила ногата“, „Овој фустан и таа марама не одат заедно, воопшто“, „Мислам дека облеката не е соодветна за Саудиска Арабија“
Изгледа дека Георгина тешко се навикнува на кодексот на облекување во Саудиска Арабија, а тоа не останува незабележано.