Гитарата на Курт Кобејн продадена за повеќе од милион долари

19 ноември, 20230
67993_brauni-stock-photo-chocolate-brownie-cake-dessert-with-nuts-on-dark-background-directly-above-smanjena-602985842_f

Гитарата на пејачот на Нирвана, Курт Кобејн, беше продадена на аукција во петокот во САД за повеќе од 1,5 милиони долари.

Легендарната сина електрична гитара „Skystang I“ Fender Mustang, на која Кобејн свиреше за време на неговата последна турнеја, беше продадена за нешто повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) на аукција во Нешвил, Тенеси.

Искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната „Heart-Shaped Box“ и на доделувањето на видео музичките награди на MTV чинат повеќе од 400.000 долари. Панталоните беа проценети од 10.000 до 20.000 долари.

Аукцијата беше дел од тридневната аукција „Played, Worn and Torn: Rock N’ Roll Iconic Guitars and Memorabilia“, на која беа прикажани повеќе од илјада предмети од музичките великани како Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли, Принс, Битлси и Френк Запа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi