Дарко Лазиќ се подготвува за уште една ОПЕРЦИЈА: Погледнете како изгледа пејачот и кој најмногу се грижи за него (ФОТО)

Дарко Лазиќ имаше операција за затегнување на кожата, а се подготвува за уште една
Дарко Лазиќ се оперираше пред неколку дена и успешно закрепнува по хируршката интервенција.
Дарко Лазиќ направи операција за затегнување на кожата, а неговата сопруга Катарина Лазиќ тврди дека се чувствува добро и дека сега одмара.
Дарко го чека тринеделно закрепнување, истакна таа, а сега на својот Инстаграм профил покажа како се грижи за него.
Таа сега го сликала Дарко во кревет додека му носи ручек, а со тоа напиша:
– Кажи ми дека жена ти те обожава без да ми кажеш дека жена ти те обожава – порача Катарина и воедно покажа како изгледа пејачот по интервенцијата.
Да се потсетиме, Дарко Лазиќ еднаш имаше операција за намалување на стомакот, по што драстично ослабе. Ослабе повеќе од 109 килограми, а сега реши да го затегне вишокот кожа што постоеше на неговото тело.