Едноставно и брзо: Пет трикови како да се ослободите од ВЛАКНАТА на домашните миленици од облеката и мебелот

31 март, 20230
dlake

Не треба повеќе да се мачите

Сите сакаме домашни миленици, но ако имате проблем со нивното митарење, нема сомнеж дека понекогаш едноставно го губите умот.

Само што ќе исчистите, ќе средите, ќе поминете сè со правосмукалка, тие повторно ќе се појават.

Сепак, постојат неколку начини на кои можете сами да си го олесните отстранувањето на влакната:

Домашен спреј

Измешајте вода и неколку капки омекнувач во шише. Испрскајте ја облеката или мебелот, па влакната помалку ќе се лепат за нив. Откако ќе го испрскате мебелот, можете да го поминете со влажна крпа.

Селотејп

Купете широка самолеплива лента во продавницата, завиткајте ја околу раката, а потоа допирајте ја на облеката за да ги соберете влакната.

Гумени ракавици

Навлажнете ги гумените ракавици (за чистење на домот). Гумата има антистатички ефект. Преминувајќи преку алиштата, влакната ќе се залепат за ракавиците.

Сушална

Ако имате машина за сушење, пред миење, ставете ги алиштата во неа, заедно со неколку влажни микрофибер крпи. Изберете програма без греење, 10 минути. Влакната ќе се залепат за крпите.

Местото каде што спие

Најмногу влакна се наоѓаат таму каде што спијат домашните миленици, па затоа е важно тоа место редовно да се чисти, за да може помалку влакна да се шират низ останатиот дел од станот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *