Знаете ли што е „sobremesa“? Прекрасната причина зошто Шпанците не стануваат од масата по ручекот

29 март, 20230
62510875-spanjolska

Во Шпанија сè се врти околу храната. Таму живеат и работат некои од најдобрите готвачи во светот, а градот со најмногу Мишелин ѕвезди по квадратен метар во светот е исто така во Шпанија – баскискиот Сан Себастијан. Од баровите и рестораните мамат предјадења или пинксос, а секој предел на оваа шарена земја има свои специјалитети со кои се гордее. Покрај тоа, ручекот не завршува со последниот залак. Откако се ќе се изеде, започнува вториот чин – sobremesa. Во превод, собремеса значи време поминато на маса со дружење, смеа и често чаша вино или џин и тоник.

„Како готвач, кога гледам како луѓето поминуваат време на масата после ручекот, тоа е знак дека сè било вкусно и често луѓето повеќе уживаат во тоа отколку во самиот оброк. Собремеса може да биде магична“, изјави готвачот Дани Карнеро за Би-Би-Си.

Собремеса е и тајната на силните – но и новите – пријателства, а ако не јадете дома, најдобро е да изберете семеен ресторан или место со локална кујна. Скапо јадење или нешто елегантно може да биде премногу формално за опуштање со чаши алкохол по ручекот. Што и да правите, единствениот услов е да не ја напуштате масата долго време бидејќи тогаш магијата се распаѓа. Шармот е токму во заедништвото на масата, на која има парталави салфетки и парче торта на чинијата за која немало доволно место, смеа и разговор со стуткано ќесе шеќер, празни шолји кафе и полни чаши алкохол.

Собремеса обично трае од половина час до еден час, а ако е празник или некаква прослава, седите и пиете многу подолго. Затоа, доколку се најдете во шпанско друштво, одолејте на миење садови или на која било друга причина да станете од масата (освен ако навистина морате) за да не ја прекинете магијата на дружењето. Дозволено е да скокнете до тоалет, но не предолго 😉.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *