Имате проблем со испукани усни? Три природни решенија кои сигурно ќе ви помогнат

24 јануари, 20230
Screenshot_3

Многумина веруваат дека испуканите усни се проблем што најчесто доаѓа со студеното време, но тоа не е така.

 

 

 

Суви и испукани усни може да се појават во текот на сите годишни времиња. Освен што воопшто не делуваат привлечно, на испуканите усни се појавуваат ранички кои можат да бидат болни.

 

Постои решение за овој проблем, клучна е хидратацијата. Но, овие три природни решенија ќе ви помогнат полесно да се справите со испуканите усни.

 

Мед

И самите сте свесни за лековитите својства на медот, колку многу го подобрува имунитетот. Кога станува збор за испуканите усни, потребно е само да ги намачкате усните со мед и да оставите да постои неколку минути. Потоа измијте со млака вода.

 

Пред да си легнете, може да ги масирате усните со мека четка за заби, за да ги отстраните мртвите слоеви од кожата. Бидете внимателни, за да не создадете ранички. Потоа повторно може да нанесете мед, за да се регенерира кожата.

 

Балзами со церамиди

Пред да купите балзам за усни, потребно е да знаете неколку клучни работи. Балзамот мора да биде природен, да хидрира и да има заштитен фактор за да се обнови кожата.

 

Избегнувајте балзами со ланолин и мирис на цимет, бидејќи нивната примена дополнително може да ја влоши ситуацијата. Бирајте балзами со цермиди бидејќи длабински ќе ги заштитат вашите усни.

 

Церамиди се некои од главните масти во кожата и функционираат како „малтер“ што ги држи клетките на кожата заедно. Тие хидрираат, ја зајакнуваат бариерата на кожата и ја штитат од надворешни влијанија, како што е на пример загадувањето.

 

Маска од краставици

Исечете ја краставицата на тенки кругови, а потоа околу 10 минути држете ги парчињата на усните. Со ова ќе добиете природно повлажни и помеки усни, а истата постапка може слободно да ја правите повеќе пати во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *