Кијану Ривс сакал неговиот лик да настрада на крајот од „Џон Вик 4“, продуцентите не сакале ни да чујат
19 септември, 20230

Кијану Ривс наводно побарал неговиот лик во франшизата Џон Вик да биде ликвидиран на крајот од четвртиот дел од овој филм. Во интервју за Collider тоа го потврди и продуцентот Бејсил Иваник, бидејќи актерот доживувал замор од снимањето.
„По вториот, третиот и четвртиот филм, правењето на овие филмови е толку исцрпувачко и го уништува Кијану, физички и емоционално. На крајот, тој секогаш вели „Не можам повторно да го правам ова“ и ние се согласуваме со него,“ рече Иваник, додавајќи:
„Човекот е само лушпа од себе затоа што само оди и веднаш скокнува во тоа. Тој рече: „Сакам дефинитивно да бидам убиен на крајот на овој филм“, рече продуцентот, кој на крајот не му ја исполни желбата на Ривс, пишува NME.