Кога летаат пердуви: Бурните кавги на Кејт и Вилијам често завршуваат со гаѓање со перници

26 мај, 20230
o_29177119_1280

Според извори од Кенсингтонската палата, принцезата Кетрин го третира својот сопруг, принцот Вилијам, како четврто дете поради неговите чести неконтролирани изливи на бес. И тоа оние незрелите, како кога детето ќе се фрли на под во продавница затоа што мајка му не сака да му купи чоколадо или сладолед. Иако тие се заедно речиси две децении и без сомнение нивната љубов почива на взаемно почитување и ценење, јасно е дека приватниот имиџ на идниот британски крал е сосема поинаков во четири ѕида од оној што го претставуваат во јавноста. Принцот Вилијам наводно долго време е познат како личност која често го менува расположението, па меѓу блиските луѓе го носи прекарот – краток фитиљ.

И како и во секој брак, парот има подеми и падови, но најмногу благодарение на непредвидливиот Вилијам. Сепак, заради неговата долгогодишна „обука“ за кралската функција, како и прифаќањето и почитувањето од страна на принцезата за улогата што ја доби со влегувањето во кралското семејство, сите несогласувања остануваат во нивната палата, а насмевките се резервирани за јавноста и камерите.

image

„За разлика од „обичните“ парови кои фрлаат чинии и вазни еден на друг среде расправија, Кејт и Вилијам го прават тоа малку понежно – со перници“, изјави кралскиот новинар Том Квин за магазинот „Експрес“, повикувајќи се на неименуван недискретен извор кој работел во домаќинството на принцот и принцезата од Велс.

А успехот на нивниот брак, кој однадвор со три слатки деца изгледа беспрекорно, се вели дека е резултат на мантрата на покојната кралица Елизабета Втора – никогаш не се жали, никогаш не објаснувај. Токму онаа која го натера помладиот брат на Вилијам, принцот Хари, да избега од Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi