КОРИСНО: Истурете омекнувач во казанчето – еве што ќе се случи

18 март, 20230
7556_vodokotlic_f

Често при видеата за чистење на „TikTok“, „Twitter“ и „Instagram“, омекнувачот се споменува како алатка со повеќе можни намени: од дифузер за освежување на просторот, за употреба при чистење радијатори или валкани теписи, пишува британски „The Sun“.

Ако мислевме дека омекнувачот може да се користи само за помека и миризлива облека, љубителите на чистењето на социјалните мрежи постојано покажуваат дека тоа не е така и откриваат нови употреби.

Чистење на мијалникот

Популарната британска инфлуенсерка „Mrs. Hinch“ на своите многубројни обожаватели им покажа како го чисти кујнскиот мијалник со омекнувач, кој потоа сјае и мириса на свежо измиени алишта. Прво, го затнува мијалникот и истура две капачиња од нејзиниот омилен омекнувач во него, а потоа додава жешка вода.

– Оставете го омекнувачот да делува четири часа, пуштете ја водата од мијалникот и исчистете со сунѓер ако останала нечистотија – советува таа.

Чистење правливи радијатори

Една жена на „TikTok“ покажа како ги мие правливите радијатори со сунѓер, топла вода и омекнувач.

– Омекнувач за алишта на стар и правлив радијатор: сега изгледа како нов и одлично мириса – сподели таа.

Бришење прашина

Корисничката „Clean Queen“ на „TikTok“ го покажа својот многу едноставен трик за да спречи собирање прашина на лајсни на вратите со омекнувач.

– Ставете малку омекнувач на крпа и избришете, омекнувачот ќе спречи повторно брзо собирање на прашината – вели таа.

Освежување на тоалетот

Многу жени на социјалните мрежи покажаа како, откако добро ќе го измијат тоалетот, истураат омекнувач директно во казанчето за тоалетот да мириса при секое пуштање на водата.

Чистење на влезната врата

Ако е добар за чистење радијатори, зошто не би бил добар и за врати – пишува еден корисник на Инстаграм, а со малку топла вода, омекнувач и сунѓер ќе изгледаат како нови.

Исто така, корисничка на „TikTok“, сподели како додава омекнувач и вода во дифузерот со трска, а потоа ги враќа стапчињата трска што веќе биле користени.

– Мириса неверојатно, подобро од порано – напиша таа.

Чистење на теписи

Доколку сакате да дознаете колку нечистотија има на тепихот пред влезната врата или оној во бањата, измијте го во када со вода и омекнувач, советуваат љубителите на чистењето. За најдобар ефект, тие препорачуваат да го измиете тепихот во пенлива купка, потоа да додадете малку омекнувач и да го оставите да делува околу 30 минути пред да го исплакнете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *