Милош Биковиќ и згодната Црногорка уживаат на егзотична дестинација: „Најлуксузните хотели на островот“ (ФОТО)

15 февруари, 20230
8e1c11ee585411e4d8b1635d4ceec4254891e295

Милош Биковиќ одвоил малку време помеѓу снимањата и отиде на егзотична дестинација со својата девојка Ивана Малиќ.

Најпопуларниот српски актер и правничката отпатувале на Малдиви. Актерот не штеди пари, па за својата избраничка го избира само најдоброто. Тој наводно се одлучил за еден од најскапите комплекси во кој ужива далеку од очите на јавноста.

– Тие го избраа еден од најлуксузните хотели на островот, „San siam iru veli“, со пет ѕвезди, кој се наоѓа на плажата, веднаш до Индискиот Океан. Престојуваат во куќа во која имаат мир и приватност, што е важно за Милош. За десетте ноќи колку што ќе бидат таму, актерот платил 11.700 евра, а за два повратни билети издвоил уште 2.500 евра – изјавил извор за „Информер“.

Милош и Ивана се во врска две години, а врската се трудат да ја држат целосно приватна, што засега добро им оди.

– Минатата година ги посетија Бали и Малдивите, кои многу им се допаднаа, па решија повторно да одат таму, но овој пат го сменија хотелот. Милош и Ивана најчесто го поминуваат одморот пиејќи коктели на плажа, нуркајќи, сончајќи се… Имаат и сопствен базен и градина во рамките на викендицата, од каде уживаат во фантастичниот поглед на океанот – вели изворот, додавајќи дека Биковиќ морал сега да замине на одмор бидејќи од крајот на февруари го очекуваат многу деловни обврски:

Screenshot 2023-02-15 173711
Screenshot 2023-02-15 173731

– Прво го очекува премиерата на втората сезона од серијата „Јужен ветер“, а потоа и многу гостувања. Во Русија се очекуваат премиерите на неговите два филма, комедијата „Слуга 2“ и научно-фантастичниот трилер „Предизвик“. Затоа решил максимално да ги искористи своите слободни денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi