Најдобрите секс пози за парови со силно либидо

19 март, 20230
Screenshot_11

Луѓето со високо либидо особено би можеле да уживаат во пози кои овозможуваат подлабока пенетрација или во оние кои помагаат односот да трае подолго, смета секс терапевтката Меган Флеминг.

 

 

 

Таа вели дека е идеално да ги менувате позите, преминувајќи од интензивни пози во оние кои овозможуваат подолга издржливост.

 

  1. Доги стајл

Оваа секс поза е класичен избор за оние со силен сексуален нагон, смета Флеминг. Покрај тоа, позата е сестрана бидејќи и двајцата партнери можат да бидат на колена, едниот може да стои над креветот или и двајцата да стојат.

 

  1. Повисока мисионерска поза

Освежете ја вообичаената мисионерска поза со перница под задникот.

 

„Одличниот секс се сведува на добри агли“, објаснува Флеминг и советува да најдете начини на кои може да ја дигнете карлицата за да овозможете поголем притисок.

 

  1. Меѓусебна мастурбација

Не е поза, но е одлично решение за оние со силно либидо. Меѓусебната мастурбација дава контрола над сопствената издржливост и помага во создавање близина со партнерот, смета сексологот Џиџи Енгл.

 

„Ви предлагам да легнете на грб поради визуелно најотворено искуство на гледање на вашиот партнер“, вели таа.

 

  1. Поза 69

Иако позата 69 е одлична за издржливост, Флеминг напомнува дека е важно да бидете внимателни ако ја правите подолго време. Ако никогаш не сте ја правеле, може да ја пробате бочно, двајцата партнери легнете на страна, а позата овозможува подолга акција.

 

  1. Стоечки со една крената нога

Ваквиот секс може да биде забавен бидејќи може да биде надвор од креветот, каде веројатно се одвиваат повеќето ваши секс игри. Исто така, претставува и добар тренинг. Постојат неколку начини на сексуален однос во исправена состојба, но партнерката која ја крева само едната нога овозможува подлабока пенетрација и стимулација за двајцата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *