Олеснете си: Најдобар начин за чистење на шпорет со рамна плоча

18 март, 20230
Screenshot_2

Иако рамните плочи многу полесно се чистат од класничните шпорети со рингли, тоа не значи дека не треба да се чистат подеднакво редовно. Еве како правилно ќе ја исчистите.

 

 

 

 

Првото и основно правило при чистењето на вакви површини, е да не им се дозволи можност на масните дамки да се натрупаат една врз друга и да закорават.

 

Ако нешто ви се истури или површината се испрскала, брзо пребришете ја со крпа или влажен сунѓер.

 

Дури и кога површината изгледа како да е чиста, невидливите слоеви со текот на времето би можеле да се насоберат и изгорат, со што се закоравуваат и потоа се многу потешки за чистење.

 

Користете спреј за отстранување на мастите или специјално средство за чистење на стаклени површини од шпорети. Овие средства не оставаат нејасни линии на површината како што тоа е случај со повеќенаменските средства за чистење на стакло со амонијак.

 

Имијте го и исполирајте го стаклото со сува и мека крпа или хартиена салветка.

 

А како да се исчисти валкана стаклена плоча?

Чистете ја со помош на крем или паста, бидејќи благите абразиви во тие формули ќе помогнат за одлепување на тврдокорните остатоци.

 

Нанесете крем или паста со неабразивна крпа со кружни движења.

 

Темелно исперете ја површината и исушете ја. Важно е да ги елиминирате сите остатоци од производот, бидејќи тие можат да се запечат и да направат проблем.

 

Наросете малку сода бикарбона или не-абразивно средство за чистење и протријте ја површината со влажна крпа за да отстраните заглавени остатоци и избришете ги.

 

Како да се исчистат тврдокорните, изгорени дамки од стаклената плоча за готвење?

Ако вашата плоча е прекриена со валкана смеса, време е да ги извадите надвор вашите најдобри алатки.

 

Ставете врел и влажен пешкир врз плочата за да ги омекнете остатоците.

 

Користете некој стругач или жилет кој сте го добиле во комплетот за чистење на плочата – и држејќи го под агол од 45 степени, внимателно истругајте ги загорените парчиња. Не грижете се, стаклото на шпоретите е цврсто.

 

Избришете, добро исперете и исушете ја плочата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi