Опоравете ја кожата на рацете со домашен препарат од три состојки: Направете масло против кутикули

22 јануари, 20230
nokti-1

Пред спиење, измасирајте ја смесата на секој дел од ноктот

Постуденото време доведува до сушење на кожата, а понекогаш само нанесувањето крем не е доволно. Кршливите нокти на сува кожа доведуваат до појава на кутикули. Освен што влијаат на естетиката, тие можат да бидат и многу болни.

Покрај редовното нанесување на крема за раце, одвреме-навреме треба да и давате дополнителна нега на вашата кожа. Направете масло од три состојки што храни и хидрира.

Состојки:

1 лажичка маслиново масло

6 капки масло од чајно дрво

1 лажичка бадемово масло

Сите состојки ставете ги во една тегличка, па измешајте ги со дрвена лажица. Чувајте ја теглата на ладно и суво место.

Пред спиење, масирајте ја смесата на секој дел од ноктот. Можете исто така да користите стапчиња за уши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *