Останаа само ЛУЗНИТЕ: Пит Дејвидсон ги тргнал сите тетоважи посветени на Ким Кардашијан

25 јануари, 20230
26875_kim-i-pit101-epa-justin-lane_f

За време на викендот, Пит Дејвидсон ја соблече кошулата додека беше на одмор на Хаваи со својата девојка Чејс Суи Вондерс, откривајќи дека неговите тетоважи во чест на Ким Кардашијан исчезнале.

Дејвидсон е фотографиран без тетоважата „Мојата девојка е адвокат“ над клучната коска. Тоа го направи во чест на стремежот на Кардашијан за правна кариера.

Од другата страна на неговата клучна коска исчезна и тетоважата „Јасмин и Аладин“ што ја направи за нивниот прв бакнеж во скечот „SNL“.

Зборот „Ким“ истетовиран на неговите гради беше можеби најекстремниот приказ на посветеноста на Кардашијан, но сега и тоа го нема, освен бледата лузна која сè уште може да се види во центарот на тетоважата на неговото куче.

По кратката романса, Дејвидсон и Кардашијан се разделија во август.

По разводот на Кардашијан од поранешниот сопруг Канје Вест, тие двајца почнаа да излегуваат и се појавија на сите насловни страници.

На раскинувањето на парот значително влијаела разликата во годините помеѓу Дејвидсон (27) и Кардашијан (41).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi