Природни препарати: Кажете им збогум на капиларите благодарение на овие состојки од кујната

popara21 март, 20231min00
530718_hgjcf_f

Супер трикови

Како природно да ги отстраните капиларите на нозете?

Јаболков оцет

Како и лимонот, така и јаболковиот оцет може благотворно да влијае на проблемот со испуканите капилари на нозете. Најпрактичен начин да го користите е да направите облоги од јаболков оцет и да ги нанесете на критичните делови од телото.

Повторувајте неколку пати на ден по 2-3 минути. Терапијата со оцет носи добри резултати по неколку дена. Оваа терапија е најпрактичниот и најевтиниот метод за лекување на капиларите на нозете дома.

Зелка

Звучи неверојатно, но листовите зелка можат да ви помогнат со капиларите. Затоа, доколку се одлучите за ваков тип на терапија, прво добро измијте го листот од зелката, па ставете го на пределот што е најмногу погоден. Бидејќи нозете се секогаш лесна мета за испукани капилари, едноставно ставете лист од зелка и оставете го да делува. Придобивките од зелката се рефлектираат во богатството на витамин Ц. Бидејќи се сосема безбедни, ноќе можете да спиете со такви облоги.

Маслиново масло

Во отсуство на невен, само маслиновото масло ќе биде добар начин за отстранување на испуканите капилари на нозете. Треба малку да го загреете, а потоа со кружни движења масирајте го проблематичното место со ова топло масло. На овој начин ја подобрувате циркулацијата и ги намалувате можните воспаленија, што е важно кога честото пукање на капиларите е ваш проблем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag