Руши рекорди: Наместо емитувањето на Оскарите, повеќе од 8 милиони луѓе го гледаа финалето на оваа серија

16 март, 20230
o_28324225_1280

Хит серијата на HBO „The Last of Us“ ја затвори првата сезона со уште еден триумф во серијата. Последната, деветта епизода привлече 8,2 милиони гледачи, соборувајќи го сопствениот рекорд за серијата, а успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека беше објавена за време на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари.

Ова не е прв пат датумот на објавување на нова епизода на „The Last of Us“ да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супер Боул, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите.

Иако во меѓувреме стана најгледаното шоу во историјата на HBO Max во Европа и Јужна Америка, премиерната епизода на „The Last of Us“ со 4,7 милиони гледачи заостана зад успехот на стриминг платформата, серијата „House of the Dragon“.Сепак, на крајот ги надмина резултатите од популарниот приквел на „Game of Thrones“ со просечна гледаност од 30,4 милиони гледачи по епизода. Интересно е и како во текот на првата сезона се зголемила гледаноста на серијата за цели 75 проценти.

image

За потсетување, „The Last of Us“ е адаптација на истоимената видео игра на развојното студио Naughty Dog, која првично беше претставена во 2013 година како ексклузива за PlayStation и беше оценета како најдобра игра на сите времиња. Серијата, базирана на играта, се одвива 20 години откако модерната цивилизација е уништена и го следи криминалецот Џоел, кој го игра Педро Паскал, кој има задача да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.

image

Со текот на времето, навидум лесната задача се покажува како голем залак за Џоел, бидејќи за време на бруталното патување низ САД, двајцата преживеани се целосно зависни еден од друг.

Серијата го катапултираше до слава американскиот актер роден во Чиле, Педро Паскал, кој го толкуваше главниот лик Џоел Милер во адаптацијата на HBO на истоимената видео игра. Педро се појави порано во некои успешни ТВ-шоуа, како што се сериите „Game of Thrones“ и „The Mandalorian“, но популарноста што ја заслужува поради своите актерски способности ја стекна дури по првите епизоди на „The Last of Us“.

image

Љубовниот статус на Педро е прилично непроѕирен. Познато е дека тој беше во врска со колешката Марија Дизиа со која се појави во серијата „Закон и ред“, а се останато е шпекулација. Тој не е религиозен, отворено се залага за левичарски идеи и јавно го поддржуваше Габриел Бориќ за време на претседателските избори во Чиле.

„Многу сум среќен поради тоа што сега се случува во Чиле“, изјави тој по победата на Бориќ. Тој особено се залага за правата на ЛГБТК+ заедницата бидејќи има и трансродово лице во неговото семејство: тоа е неговата помлада сестра Лукс, исто така актерка и активист. Триесетгодишната Лукс, родена како Лукас Балмакеда, вели дека поддршката и разбирањето на нејзиниот брат биле клучни во процесот на транзиција завршен пред две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi