Стар монголски лек против болки во грлото и кашлица: Помага во рок од 4 часа

popara31 јануари, 20231min00
Prehladjena-devojka-bolesna-devojka-prehlada

Се препорачува за сите кои се склони кон чести настинки и воспаление на крајниците

Рецептот кој ги освои интернет корисниците наводно потекнува од Монголија, а ветува дека ќе ве ослободи од болките во грлото, воспаление и кашлица за само четири часа! Во што е финтата? Во кимот!

Овој природен „лек“ се препорачува за сите кои се склони кон чести настинки и тонзилитис. Рецептот, за кој се верува дека потекнува од монголската медицина, веќе долго време кружи на интернет, а колку е точен сведочат бројни коментари кои можат да се најдат на мрежата:

„Имам ќерка која често имаше болки во грлото, па веќе не знаев што да правам. Не сакав да и давам антибиотици секој пат. По совет на докторот го пробав овој рецепт и можам да ви кажам дека целосно ни го промени животот. Ќерка ми две години воопшто не е болна, а ‘оздрави’ за само 4 часа“, напишала една мајка на интернет.

Еве како се подготвува овој „лек“ против болки во грлото:

Половина шолја семе од ким измелени во мелница за кафе прелијте со една шолја вода и варете 15 минути. Тоа ќе создаде густа смеса која изгледа како талог од кафе. Процедете, разредете со четвртина шолја вода и повторно варете.

Тргнете од оган и „лекот“ е готов. Земајте по една лажица на секои 30 минути.

По два часа болката во грлото исчезнува, а ќе почувствувате и дека полесно голтате. Можете да ја прекинете „терапијата“ по четири часа. Во случај на тешко воспаление, овој препарат може да го земате подолго време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag