ТЕСТ НА ПОТСВЕСТА: Дали гледате двајца мажи или пеперутка?

Тестовите на личноста станаа доста популарни, а освен што се интересни можат да ги откријат тајните на нашата потсвест.
Ви пренесуваме еден таков тест токму сега, а вие само треба да одговорите на едноставно прашање – што прво забележавте во оваа илустрација?
Имено, постојат две работи кои можете да ги видите – пеперутка или двајца луѓе.
Погледнете ја внимателно илустрацијата, запомнете што сте виделе прво и дознајте нешто ново за себе.
1. Пеперутка
Ако прво сте виделе пеперутка, тоа значи дека се плашите од предавство. Понекогаш имате тенденција да бидете недоверливи. Во минатото луѓето ве изиграле и ве разочарале, па мислите дека тоа ќе се случи во иднина. Пеперутките можат да симболизираат и тешки периоди од вашето детство на кои и денес се сеќавате.
Сега е вистинското време да се грижите повеќе за себе и да чекорите низ животот со крената глава.
2. Двајца мажи
Ако прво сте виделе двајца мажи, вие сте многу социјална и креативна личност. Вашата позитивна енергија никогаш не останува незабележана. Сепак, вие не верувате доволно во себе.
Честопати го потценувате вашиот талент и способност да го трансформирате светот со вашата добрина, уметност и љубов.