Чистење, тонирање, серум: Кои се основните чекори за нега на лице?

28 мај, 20230
Screenshot_12

Рутината за нега на лице која ќе ви обезбеди сјајна и здрава кожа вклучува неколку чекори. Начелно не постои конкретно правило за тоа колку точно чекори треба да има во рутината и кои производи конкретно треба да ги користите.

 

 

 

Но, за полесно да се снајдете во светот на добрата нега на лице, подолу за вас подготвивме начелни насоки за тоа што би било добро да вклучите во вашата редовна рутина. Земете ги овие насоки како патоказ, пробувајте и секако забавувајте се и уживајте во процесот. Добрата нега на лице треба да е извор на уживање и одвоено време за себе.

 

Запомнете, хидратацијата е клучна за добро негувано лице. И сите чекори кои ќе ги преземете, како и производите кои ќе ги употребите, треба да придонесат кон таа цел, лицето да е потполно хидрирано.

 

Чистење на лице

Чистењето на лицето е можеби најважниот дел од негата. И наутро и навечер.

 

Со чистењето, двапати на ден ги отстранувате бактериите, нечистотиите и сите честички кои од загадениот воздух застанале на вашето лице. Бирајте благи и нежни производи и мијте го лицето, без исклучок – наутро со пена или некој друг благ производ, а навечер одвојте време и двојно исчистете го лицето.

 

Двојното миење подразбира едно миење со производ на маслена основа и второ со гел/пена или слично благо средство за миење. Иако можеби ви се чини претерано, овој метод на двојно чистење на лицето прави огромна разлика кај сите типови кожа, но особено кај масна, комбинирана и кај кожа склона на акни. Голем дел од борбата со акни на пример, започнува со убаво исчистена кожа.

 

Тонер

Тонирањето на лицето е чекор кој ќе ја постави основата за добра хидратација на лицето. Тонерите можете да ги користите два и повеќе пати на ден, на чисто лице, како прв чекор кој ќе обезбеди баланс на кожата.

 

Ова е особено важно доколку користите средства за чистење лице кои имаат и активни состојки кои се малку груби за лицето, после кои тонерот ќе дојде како мелем на рана.

 

Третман

Третманите се производи кои содржат активни состојки кои треба да одговорат на некоја ваша специфична потреба, како на пример акни, флеки, брчки и слично. Тие може да се во форма на тонери, емулзии, лосиони, серуми и слично, но во секој случај содржат соодветна активна состојка или пак комбинација од состојки кои третираат конкретен проблем.

 

Зависно од тоа што ви треба, ќе употребите соодветен третман. На пример, доколку ве загрижува тоа што кожата постојано ви е без сјај, вие треба да посветите сериозно внимание на хидратација и да внесете што повеќе производи со хијалуронска киселина, антиоксиданси или пептиди, а можеби и некоја блага киселина која ќе направи побрза ексфолијација на лицето.

 

Серум

Серумите се дел од негата кои треба да обезбедат дополнителна хидратација на лицето и кои заедно со третманите ќе обезбедат хидрирано и негувано лице со силна кожна бариера. Тие ја имаат таа моќ да навлезат длабоко во слоевите на кожата, и покрај другите функции и можеби и активни состојки, доминантно овозможуваат добра и брза хидратација и во текот на денот, но особено во текот на ноќта.

 

Се нанесуваат после производите кои третираат некој специфичен проблем, а пред кремата за лице.

 

Крема

Кремите за лице најчесто содржат состојки кои прават еден вид на бариера на лицето која ќе овозможи сите оние убави работи кои сте ги ставиле во претходните чекори да останат внатре и да си ја завршат работата за која се наменети. Со кремата за лице вие и ќе обезбедите дополнителен чекор за хидратација, но и ќе му помогнете на лицето да ги искористи сите активни состојки со кои сте го нахраниле претходно.

 

Она што треба да се запомни е дека серумите или третманите, колку и да ви изгледаат дека се хранливи, тие не може да ја заменат кремата и дека таа си има своја функција која придонесува кон крајната цел. Постојат различни видови на креми за лице кои одговараат на различни типови на кожа, и треба внимателно да се одберат имајќи ги предвид сите специфики на секој тип на кожа поединечно.

 

Заштитен фактор

Заштитните фактори се исклучително важни во основната нега на лице. Тие ја штитат кожата од UV зраците кои се сериозно штетни за кожата, без разлика кое годишно време е. Навикнати сме да користиме заштитен фактор најчесто во лето и тоа кога сме на одмор, на плажа. Но, штетните UV зраци ги има во текот на целата година. Доколку навистина сакате да посветите внимание на нега на кожа, заштитниот фактор е еден од чекорите кој буквално не смеете да го прескокнете.

 

Кога бирате фактор, истиот по препорака од дерматолози треба да е најмалку со фактор 30 и тоа со широк спектар на делување. Воедно, заштитниот фактор треба да го нанесувате повеќе пати во текот на денот, особено ако сте подолго време директно изложени на сонце.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi