Шпанско богатство: Игра на водата и вулканската пепел која треба да се види во живо

22 јануари, 20230
62459777-barranco-de-las-vacas

„Barranco de Las Vacas“, создаден од играта на водата и вулканската пепел во текот на илјадници години, претставува едно од најважните геолошки богатства на Канарските Острови…

Ако ги броите деновите до топло и сончево време, можете да го скратите чекањето со само неколку часа лет до Канарските острови, шпанските острови во Атлантскиот Океан, а потоа да скокнете во вашите апостолки – и да уживате во спектакуларните атракции на природата. Една од нив се наоѓа на вулканскиот остров Гран Канарија, каде што, меѓу другите чуда, ве очекува и клисурата Баранко де Лас Вакас, создадена од играта на водата и вулканската пепел во текот на илјадници години. Ќе ја најдете на југот на островот, недалеку од шармантниот град Агимес, каде што можете да јадете и пиете.

Следејќи го патот GC-550 што води до клисурата, застанете на 14-тиот километар. Таму ќе најдете и места каде што можете да паркирате, а потоа ќе следи кратка прошетка која не е многу захтевна. Викендите се мнгу преполни, па работните денови се подобра опција за планирање на екскурзија, кога нема толку многу локални жители кои го посетуваат Баранко де Лас Вакас за да се восхитуваат на прекрасните карпести формации кои претставуваат едно од најважните геолошки богатства на Канарските Острови.

Прекрасните бои и форми потсетуваат многу посетители на американскиот канјон на Антилопи, но шпанската клисура е мала, па нема да ви треба премногу време за да ја истражите. Погледнете како изгледа клисурата во нашата галерија.

62459727-barranco-de-las-vacas
62459728-barranco-de-las-vacas
62459729-barranco-de-las-vacas
62459730-barranco-de-las-vacas
62459777-barranco-de-las-vacas (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *