Јајцата се здрави, но не и ако ги јадете ВО КОМБИНАЦИЈА СО ОВИЕ НАМИРНИЦИ!

Јајцата содржат многу хранливи материи. Обезбедуваат бројни здравствени придобивки бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат да се намали воспалението, да се подобри здравјето на коските и да допринесат за здравјето на мозокот.
Се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, „на око“ и кајгана.
Сепак, треба да внимавате на храната што ја јадете со јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.
„Поради висококвалитетните протеини и витаминот Б што ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана“ – изјави диететичарката Лорен Манакер.
Јајцата често се јадат со колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.
„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манакер.