Кремаст и вкусен
Хумусот или намазот од наут е познат ориентален намаз и е многу популарен во последно време, а можете да го најдете во секоја продавница.
Сепак, најдоброто нешто е што можете да го подготвите сами, дома.
Неговата лесна подготовка и вкус ќе ве убедат да го подготвувате и после постот.
Состојки:
300 гр леблебија од конзерва
2 чешниња лук
100 мл маслиново масло
лимонов сок
сол
Подготовка:
Сите наведени состојки ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете кремаста текстура, а по потреба додадете малку вода. Готовиот хумус префрлете го во тегла и чувајте го во фрижидер.
Пријатно!