Добриот секс и вештините во креветот се подложни на субјективни впечатоци, а дефиницијата се менува од личност на личност. Но, неформалните испитувања и анкети покажуваат дека оваа титула не зависи од големината, издржливоста ниту пак, кореографијата. Откријте што точно значи да се биде одличен и посакуван во кревет…
- Креативни сте
Доколку сте креативни во сексот и не запаѓате во монотони рутини, тогаш вие без сомнение ќе бидете оценети како одлични во кревет. Всушност, вие немате секс само во кревет, туку иницирате и во кујната, дневната, па можеби дури и во шкафот. Најинтересно за партнерот е доколку не знае што следува.
- Авантуристи сте
Титулата одлични во кревет нема да ја добиете доколку имате само една поза која секогаш успева. Клучот е во ставот и желбата да испробувате нови нешта, страста во вашите очи додека го правите тоа, како и способноста да се насмеете кога телото ќе создаде чудни звуци. Авантуристичкиот дух и подготвеноста на забава е токму она кое ве прави неверојатно добри во креветот.
- Разговарате слободно за сексот
Доколку сте отворени и искрени за вашиот сексуален живот и можете слободно да зборувате за сите оние нешта кои ве возбудуваат, тогаш вие без сомнение ќе имате одличен сексуален живот. Исто така, предиграта кај вас не значи само бакнување и прегрнување пред самиот акт, туку трае и во текот на денот преку секси пораки или возбудливи телефонски повици во кои објаснувате точно што сакате тој или таа да ви направи кога ќе се врати од работа.
- Не се плашите да бидете гласни
Не велиме дека вашата намера е да ги разбудите сите соседи во зградата, туку дека едноставно не ви пречи да се препуштите во моментот и гласно да уживате во вашите интензивни емоции. На овој начин вие јасно му кажувате на вашиот партнер точно што сакате, притоа истовремено возбудувајќи го и него или неа со вашите секси воздишки.
- Самоуверени сте
Дури и кога не знаете што точно правите, доколку имате голема самодоверба и секогаш сте отворени за нови истражувања во сексот тогаш без сомнение ќе бидете доживеани како одлични во креветот. Самоувереноста е една од оние карактеристики кои секогаш се сметаат за позитивни и возбудливи во сексот.