Намирниците како куркума, јаболко, цимет и магдонос ги неутрализираат непријатните мириси и го освежуваат здивот.
Покрај класичните помагала како водата за плакнење, гума за џвакање или бонбони со ментол, постојат и одредени намирници кои брзо ги неутрализираат непријатните мириси и го освежуваат здивот, што особено ќе ви биде корисно доколку сте изеле нешто зачинето.
На пример, растворете една лажичка сода бикарбона во чаша вода и додадете неколку капки на две капки есенцијално масло од нане. Исплакнете ја устата со оваа течност. Или, пијте сок од ананас после зачинет оброк – тоа исто така помага.
Куркума
Овој зачин има антибактериски и антиинфламаторни својства кои го прават идеален во борбата против лошиот здив – ги уништува бактериите и го намалува воспалението на непцата. Сварете чај од куркума и пијте го со повремена гаргара и шмркање.
Јаболко, морков…
Јаболкото или некое друго крцкаво овошје (на пр. морков, целер) делува на забите како природна четка за заби. Џвакањето ги отстранува наслагите на забите одговорни за непријатниот мирис.
Свежа вода
Одржувањето на усната шуплина хидрирана речиси чудесно го спречува создавањето на лош здив. Кога устата е сува, во неа се собираат бактерии, додека плунката го запира тоа. Водата работи на сличен начин.
Цимет и каранфилче
Циметот и каранфилчето имаат антисептички својства кои помагаат да се убијат бактериите. Нежно здробете го стапчето цимет, а ако одлучите да користите каранфилче, само изгрицкајте го. Во двата случаи, зачините ќе испуштат корисни состојки кои обезбедуваат свеж здив.
Зеленило
Магдоносот, спанаќот и останатиот зелен зеленчук содржат хлорофил, кој помага да се неутрализираат непријатните мириси од устата или воопшто од целото тело. Доволно е да земете, да речеме, гранче магдонос и да го изџвакате.
Пеперминт
Ова растение е најпознатиот природен препарат против лошиот здив. Свежите листови нане, освен што ја освежуваат усната шуплина, помагаат и за правилно функционирање на метаболизмот.