ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ВАРЕЊЕТО? Еве како да ја намалите надуеноста

17 март, 20230
Screenshot_5

Доколку и вие сте еден од многуте што патат од неудобното чувство на подуеност на стомакот, можеби наскоро ќе се смирите, бидејќи има решение за овој проблем.

 

 

 

 

Малите промени во животните навики можат да значат голема промена во животот, особено кога станува збор за подуеноста.

 

Еве што треба да додадете во вашиот режим на исхрана:

Пробиотици

Бидејќи некои пробиотски суплементи може да предизвикаат гасови и подуеност, најдобро е да внесете природни пробиотици во исхраната како што е јогуртот.

 

Исто така можете да јадете и ферментиран зеленчук како што е киселата зелка или пак да пиете пијалак од комбуха или кефир, секако само природни, а не од оние со додаден шеќер.

 

Хидратација

Сигурно многу пати сте прочитале дека треба да пиете повеќе вода. Водата ќе ви помогне и со подуеноста бидејќи таа ја прави вашата столица помека и на тој начин полесно се ослободувате од гасовите.

 

Внимавајте на внесувањето сол

Доколку се чувствувате подуени, особено после оброк со многу сол, тоа е затоа што бубрезите ја задржуваат водата, кога во телото има повеќе сол.

 

Доколку го намалите внесот на сол во телото, таа ќе се „измие“ од целата вода и ќе ја намали подуеноста.

 

Немојте да го лупите овошјето

Кората на јаболката и крушите има растителни влакна коишто помагаат при варењето и со тоа ја намалуваат подуеноста.

 

Избегнувајте газирани пијалаци

Меурчињата во газираните пијалаци се едни од главните виновници за подуениот стомак.

 

Намалете го внесот на јаглехидрати

Скробот којшто се наоѓа во лебот и тестенините го поттикнува задржувањето на водата во телото. Особено треба да се внимава да не се внесуваат јаглехидрати пред спиење за да не се разбудите следниот ден подуени.

 

Внимателно со одредени видови на зеленчук

Кељот, брокулата и прокељот се богати со сложени трисахариди (глукоза, фруктоза и галактоза), а со нивното разградување се ослободуваат многу гасови што можат многу да го подујат стомакот.

 

Избегнувајте прејадување

Доколку чекате неколку часа до следниот оброк, ќе бидете многу гладни кога ќе дојде време за јадење, а тоа може да резултира со прејадување и подуен стомак.

 

Зголемете го внесот на храна богата со калиум

Минералите како калиумот го подобруваат балансот на течностите во телото и ја спречуваат појавата на подуеност. Ваков тип на намирници се бананите, дињите, мангото, спанаќот, доматите и оревите.

 

Зголемете го внесот на ѓумбир

Ѓумбирот го забрзува минувањето на храната низ дигестивниот систем и го намалува времето на задржување на храната во цревата, па затоа додавајте го во чајот и оброците.

 

Масирајте го стомакот

За да ја избегнете подуеноста масирајте го стомакот. Обидете се со масажа на абдоменот во насока на дигестивниот систем. Со прстите предизвикајте слаб притисок на делот од десниот колк и полека повлекувајте ја раката во правецот на ребрата, па потоа надолу во правецот на дебелото црево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *