Дињата е извор на витамин Ц – 200 гр ја содржи речиси целата дневна потреба од витаминот, кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем и одржување на здравјето.
Исто така, таа е богата со витамин А – го подобрува метаболизмот, а исто така помага да се зајакне рожницата на окото и помага да се зголеми визуелната острина. Содржи и витамин Е, витамин Б, а богата е и со калиум, неопходен минерал за нормализирање на крвниот притисок и непречено функционирање на срцето.
Состојки:
300 мл крем за готвење
175 гр шеќер во прав
1 кг диња
сок од еден лимон
какви било свежи бобинки (по желба)
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот и павлаката и ставете ги на тивок оган. Мешајте додека не зоврие и шеќерот целосно не се раствори. Оставете да се излади. Измешајте ја исчистената и ситно сечкана диња со сок од еден лимон и матете со блендер додека не се добие хомогена маса.
Добиената павлака и шеќер се додаваат во смесата со диња, па се мати убаво со миксер додека не се добие мазна маса. Оставете во замрзнувач 6 часа или преку ноќ. Пред сервирање, можете да декорирате со бобинки. Уживајте!