Оваа година ќе биде незаборавна за Карлос Алкараз.
Шпанскиот тенисер неодамна успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон и за прв пат во кариерата да го подигне престижниот трофеј. Моментално е на второто место во светот, зад 36-годишниот српски тенисер, но пред него е кариера која ќе му овозможи да испише нови страници во историјата на тенисот.
Иако има само 20 години, Карлос Алкараз веќе стекна вистинска армија следбеници и прави се за да им овозможи „забава“ на и надвор од тениските терени. Така неодамна, пред да учествува на турнирот Шангај Мастер 1.000, на својата публика на Инстаграм и го покажа начинот на кој патува.
View this post on Instagram
Младиот спортист од Шпанија со себе ја имал една од најретките чанти на светот,која ја нема на пазарот.Станува збор за зелена чанта од Louis Vuitton,која е дел од колекцијата на Фарел Вилијамс.
Вилијамс го оживеа овој модел за неговата нова колекција,чија премиера беше неодамнешната машка модна недела во Париз. Оваа специјална торба за патување е направена од крокодилска кожа и има неколку златни детали кои и даваат поголема ексклузивност.Во исто време,катанецот што ја затвора торбата,со иницијали LV,е направен од дијаманти.
View this post on Instagram
Но,колку чини овој моден додаток? Бидејќи е единствениот модел на Louis Vuitton,вредноста на чантата достигнува и до еден милион евра.Љубителите на модата беа маѓепсани од овој моден додаток,иако ќе мора да почекаат до следната година за да можат да го купат.
Минатиот јуни Louis Vuitton ја прошири својата листа на амбасадори за да го вклучи Карлос Алкараз – професионален однос кој ја оправдува причината зошто тенисерот имал можност да ја носи оваа чанта на своето неодамнешно патување.