Направете домашна Рафаеоло торта која ќе биде подобра од онаа од продавница и ќе имате идеален десерт за ненајавени гости.
Состојки:
300 гр пишкоти
За фил:
150 гр скроб
250 гр шеќер
12 гр ванилин шеќер
5 јајца
1,3 л млеко
250 гр крем сирење
100 гр кокос
100 гр бело чоколадо
1 лажица масло
За декорација:
200 гр рафаело топчиња
малку нане
Подготовка:
Наредете ги пишкотите на дното од калапот или тавата. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете ги скробот и млекото. Сè убаво соединете, да нема грутчиња, па варете додека не се згусне со постојано мешање.
Покријте со фолија и оставете да се излади околу 30 минути. Истурете го филот во сад и додадете го крем сирењето, па добро изматете.
Ставете го кокосот и нежно измешајте. Добиениот фил прелијте го врз пишкотите и израмнете, па наредете уште еден ред пишкоти. Ставете во фрижидер 2 часа. Белата чоколада растопете ја со масло, па украсете ја тортата и ставете ја во фрижидер уште 10 минути. Украсете со рафаело топчиња и нане.
Уживајте!