НАЈЕВТИНИОТ и најбрз КОЛАЧ што можете да го направите! Сигурно веќе ги имате сите состојки дома

popara8 јуни, 20231min00
676 (2)

Мерката за состојките е чаша од 2 децилитри.

Ова е секако најевтиниот и најлесен колач што можете да го направите набрзина. Сигурно веќе ги имате сите состојки за рецептот во вашата кујна, а единствено што ви треба е чаша од 2 децилитри, која е мерка за состојките за колачот.

Состојки:

1 чаша јогурт

1 чаша млеко

1 чаша масло

1 чаша кокос

1 ванилин шеќер

2 чаши шеќер

2 чаши брашно

1 лажичка прашок за пециво

Глазура:

100 гр чоколадо

3 лажици масло

Подготовка:

По наведениот редослед измешајте ги сите состојки со жица или шпатула. Истурете во помала, подмачкана и набрашнета тава (20×17) и печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час (зависно од јачината на вашата рерна).

Проверете со чепкалка дали е печен. Чоколадото со масло растопете го на пареа или тивок оган и прелијте го колачот. Штом се стврдне глазурата, можете да го исечете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma