Гордон Ремзи има 57 години, а неговата сопруга 49, а веќе имаат пет деца. Тој на Инстаграм објави преслатка фотографија на која се бакнува со новороденчето кое го држи неговата сопруга Тана.
Подолу напиша: „Прекрасен роденденски подарок. Добредојде Џеси Џејмс Ремзи“, и додаде колку тежи и колку е високо бебето. „Три момчиња и три девојчиња… Готово“, напиша познатиот готвач.
Сопругата на Гордон се породи на 8 ноември, кога тој го прослави својот 57-ми роденден, па доаѓањето на својот син го нарече „неверојатен роденденски подарок“.
Двојката, која е во брак од 1996 година, ја криеше бременоста на Тана од јавноста.
View this post on Instagram