Овој чај е „убиец“ на холестеролот, доколку правилно се користи

popara6 март, 20231min00
Screenshot_5

Пиењето зелен чај има многу ефекти кога станува збор за губењето килограми, но научниците неодамна откриле и дека овој чај влијае поволно на холестеролот.

 

 

 

Пиењето зелен чај го намалува нивото на лош холестерол, додека пак добриот холестерол останува непроменет.

 

Честото пиење на овој лековит напиток може да има и значајно влијание врз целиот ваш организам, покажале резултатите од последната студија на кинеските научници објавени во „Весник за клиничка исхрана“.

 

Според најновото истражување, зелениот чај го редуцирал вкупното ниво на холестерол за 7,2 милиграми по децилитар кај лицата кои го консумирале, за разлика од лицата кои во текот на набљудуваниот период од три месеци не консумирале зелен чај или негови екстракти.

 

Концентрацијата на лошиот холестерол, односно LDL, се намалила за 2 отсто благодарение на зелениот чај.

 

Еве што велат научниците кои учествувале во истражувањето спроведено во Пекинг:

 

„Анализата покажа дека консумирањето на напиток каков што е зелениот чај или неговите екстракти, резултира со значително намалување на концентрацијата на липо-протеините со ниска густина (LDL) во вкупниот холестерол, додека пак концентрацијата на липо-протеините со висока густина (HDL) останува непроменета“ ,објавиле кинеските научници од Универзитетот Јуниот медикал во Пекинг.

 

Меѓутоа, научниците од калифорнискиот Универзитет Ирвајн, тврдат дека намалувањето на лошиот холестерол е прилично мало поради што предупредуваат дека зелениот чај не смее да се препорачува наместо докажаните лекови за намалување на холестеролот кај луѓето со висок холестерол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma