Природен начин да ја препородите кожата: Направете домашна крема за лице со јогурт (РЕЦЕПТ)

popara13 март, 20231min00
Maska-za-lice-2048x1365

Во 100 грама јогурт има околу 1 мг цинк, кој е важна состојка за нега на кожата.

За да ја намалите видливоста на брчките и знаците на стареење на лицето, не ви се потребни скапи производи за нега. Домашна крема против брчки со јогурт може лесно да се направи во вашата кујна, а потребни ви се само четири состојки.

Потребни состојки:

2 лажици обичен јогурт

2 капсули витамин Е

½ лажичка свежо исцеден сок од лимон

½ лажичка темен природен мед.

Измешајте ги медот и лимонот, па постепено додадете го јогуртот. Потоа во таа смеса истурете ја течноста од капсулите со витамин Е и мешајте додека не добиете паста. Нежно нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со млака вода, па повторно измијте со ладна вода.

Зошто јогуртот е добар за лицето?

Во 100 грама јогурт има околу 1 мг цинк, кој е важна состојка за нега на кожата бидејќи има антиинфламаторно дејство, ги намалува порите и ја олеснува репродукцијата на клетките и растот на ткивата. Цинкот, исто така, помага во регулирање на производството на себум произведен од лојните жлезди, што ја намалува веројатноста за појава на акни и мозолчиња.

Јогуртот е богат и со калциум, со чија помош кожата се регенерира и ја штити од сушење и дехидратација.

Овој пијалок содржи и витамини Б2, Б5 и Б12, а витаминот Б2 е познат по тоа што обезбедува здрав сјај на кожата. Ја одржува кожата хидрирана, ги штити клетките на кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали, помага во регенерацијата на клетките и игра улога во производството на добри масти во клетките.

Главната хранлива состојка на јогуртот – млечната киселина, е одличен ексфолијант (има функција на пилинг) и навлажнувач на кожата. Исто така, има ефект против стареење, намалувајќи ја видливоста на постоечките и спречувајќи појава на нови брчки и фини линии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma