Расипувач на забави: Викторија Бекам сепак нема да им се придружи на Spice Girls

popara16 јули, 20231min00

Викторија Бекам ги разочара колегите од Spice Girls со тоа што реши да не се појави на концертот во Гластонбери планиран за следната година по повод 30-годишнината на бендот, а „спајсиците“ требаше да бидат главни ѕвезди на музичкиот фестивал. Денес, всушност, The Sun објави дека сите пет девојки повторно ќе се соберат на годишнината, но извор близок до 49-годишната Викторија во неделата за The Mail изјави дека славната Posh Spice сака да се концентрира на својот бизнис и нејзиниот моден бренд, и поради тоа нема да се приклучи на турнејата на бендот и покрај постојаните барања. Сепак, таа не исклучи друга можност за „славенички настап“, но тоа не значи дека и таа ќе пее. Како што е познато, таа треба да учествува во документарен филм кој ќе ја раскажува приказната за подемот на бендот и ќе содржи интервјуа и досега невиден материјал од нивните лични архиви. Филмот ќе го режира Џеј Џеј Абрамс, режисерот на „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“, а за правата веќе се борат Нетфликс и Епл ТВ.

Дали шоуто на Гластонбери воопшто ќе се случи без Пош, не е познато, но сигурно е дека бендот ја нема истата привлечност без неа. Четирите „спајсици“ – 50-годишната Гери Хорнер, една година помладата Мел Чишолм, 48-годишната Мел Браун и 47-годишната Ема Бантон, се во речиси секојдневен контакт со години. Тие веќе привремено се договорија за датумот на претстојната турнеја, а сега се би можело да се распадне. Последен пат Spice Girls се собраа целосно на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Лондон 2012 година, а Викторија ја пропушти турнејата на бендот во Велика Британија и Ирска во мај и јуни 2019 година.

Познатата женска група е основана во 1994 година, а со својот деби-сингл „Wannabe“ веќе стигнаа до првото место во 37 земји. И следните пет синглови стигнаа до број еден, а девојките станаа вистински ѕвезди и симболи на „моќта на девојките“ во деведесеттите. Гери ја напушти групата во 1998 година, сите девојки тогаш се посветија на самостојни кариери, а повремените собири секогаш беа сензација – во 2007 година одржаа светска турнеја, а потоа билетите за концертот во лондонската О2 Арена беа распродадени за две минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag