Траволта се расплака за време на емотивниот говор посветен на Оливија Њутн-Џон

popara13 март, 20231min00
dzon-travolta-830x0

„Таа беше најхрабрата жена што некогаш сум ја познавал“, изјави актерот

Синоќа, во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа 95-тото доделување на Оскарите, а еден од најзначајните моменти беше кога актерот Џон Траволта ѝ го посвети својот говор на својата покојна колешка Оливија Њутн-Џон, со која глумеше во 1978 г. во хит филмот „Брилијантин“.

„Во најдлабокото јадро на Оливија таа беше исцелител користејќи ги нејзините медиуми на песна, збор, допир. Таа беше најхрабрата жена што некогаш сум ја познавал. Нејзиниот опсег за вистинска грижа за луѓето, природата и сите суштества речиси го затемнува она што е човечки возможно. Божјата милост ми дозволи да ја споделувам длабочината и страста на нејзиното битие толку долго. Во најтешките моменти таа секогаш имаше дух, хумор и волја да ги придвижи работите во светлина“, рече Траволта, пренесува „standard.co.uk“.

Како што продолжуваше говорот, Траволта стануваше се поемотивен, па на крајот пушти солза

Во своето излагање, Џон се потсети и на ѕвездите кои не напуштија, како што се Ајрин Папас, Роби Колтрејн, Кирсти Али, Анџела Лансбери, Ајрин Кере, Реј Лиоти, Нишел Николс, Берт Бакарах, Вангелис, Џејмс Каан и Ракел Велч.

„Тие ни ги допреа срцата, не насмејаа и станаа драги пријатели на кои секогаш ќе им останеме безнадежно лојални“, изјави Траволта.

Еве го неговиот говор:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma