ТРЕБА ДА ГИ ЈАДЕТЕ СЕКОЈ ДЕН: Пет намирници кои се СУПЕРХРАНА

popara16 јули, 20231min00
72401_isxraba_f

Има некои намирници кои имаат големо количество на хранливи материи потребни за нашето тело и со тоа значително влијаат на нашето целокупно здравје.

Следниве намирници нутриционистите ги сметаат за суперхрана, благодарение на витамините и минералите кои ги содржат и нè советуваат да ги јадеме секој ден за да го зачуваме здравјето на нашето тело, пренесува „India Times“.

Ленено семе

Нека не ве лаже нивната големина, овие ситни кафеави семиња се преполни со хранливи материи и важни нутриенти. Високата содржина на омега-3 масни киселини го зголемува производството на природно масло во телото и помага во одржување на влажноста на кожата. Тоа е одлична суперхрана која исто така промовира губење на тежината. Освен тоа, семките од лен не содржат лоши масти, па затоа се исклучително добри за вашето срце, а помагаат и за одржување на здравјето на вашата коса.

Кокосово масло

Кокосовото масло е одлична и здрава намирница која повеќето луѓе ја користат премногу ретко, тврдат нутриционистите. Ова масло може да се користи на многу различни начини кои не вклучуваат само готвење. Имено, кокосовото масло е одличен хидратантен агенс, присутен во лосиони за тело, креми за лице или дури и директно нанесен на кожата. Богат со витамини, минерали и влакна, исто така е неверојатен додаток на вашата исхрана.

Папаја

Ова овошје е уште една суперхрана која според советите на експертите треба да ја консумираме секој ден. Папајата е особено богата со витамини А, Ц и Е, што значи дека е корисна за спречување на здравствени проблеми како што се дијабетична срцева болест. Сокот од папаја е одличен за жени со нередовни менструални циклуси бидејќи може да помогне во нормализирање, а исто така е одличен извор на хранливи материи за зајакнување на имунитетот.

Киноа

Киноата е намирница која особено и е потребна на вашата кожа. Имено, помага во производството на колаген, а со тоа ја прави кожата поеластична и здрава и и помага на кожата да се бори со знаците на стареење како што се брчките, старечките дамки и губењето на еластичноста. Друга голема придобивка би биле нејзините својства за регулирање на себумот кои помагаат во борбата против мозолчиња, акни и други проблеми со кожата, а некои студии покажале дека редовното консумирање киноа го поттикнува метаболизмот и промовира губење на тежината.

Маслиново масло

Ништо не може да ја замени здравата доза на маслиново масло. Нутриционистите препорачуваат користење на екстра девствено маслиново масло за да се контролира нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од холестерол, срцеви или дигестивни проблеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag