Хрватската навивачка Ивана Кнол се прослави во текот на Светското првенство во Катар, а вниманието на медиумите и јавноста го привлече со разголените изданија и провокативните пози на трибините.
Во текот на првенството, Ивана ја заследија милиони фанови ширум светот, а таа секојдневно ги „чести“ со полуголи фотографии на својот Инстаграм профил.
#caosvima nije zivot instagram, ivana knoll pic.twitter.com/9BR0jofVoI
— Robin (@Robin67243821) September 8, 2023
Иако популарноста ѝ опадна откако заврши првенството, Кнол се труди да посетува и други спортски настани и забави на кои се фотографира со познати личности.
Меѓутоа, неодамна на интернет се појавија папарацо фотографии од хрватската навивачка снимени во Марбеља, кои значително се разликуваат од оние кои самата ги споделува на Инстаграм.
Ивана на плажата во Марбеља парадирала во минијатурно бикини кое ги откривало несовршеностите на нејзиното тело, кои инаку вешто ги брише во Фотошоп.
Папарацо фотографиите изненадија многумина, а некои пишуваат дека навивачката е потполно непрепознатлива во однос на тоа што го објавува на социјалните мрежи.