3 работи кои ви се случуваат во организмот кога ќе престанете да јадете сирење: Една посебно ќе ве израдува

16 март, 20230
kackavalj-830x0

За повеќето луѓе, сирењето е една од нивните омилени јадења. Но, и покрај фактот што консумирањето сирење се препорачува како дел од урамнотежена исхрана, премногу сирење може да предизвика несакани ефекти.

Ако сте се запрашале што се случува во телото кога ќе престанете да јадете сирење, еве го одговорот, пренесува „Newsbeast“.

1. Подобар тен

Намалувањето на вкупниот внес на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, може позитивно да влијае на изгледот и убавината на кожата. Имено, млечните производи се поврзани со вишокот на производство на себум, кој може да ја зголеми појавата на промени на кожата.

– Истражувањата покажуваат дека млечните производи можат да го зголемат нивото на инсулин, што го зголемува производството на хормони кои произведуваат себум, а тоа може да влијае на акните – вели диететичарката Изабел Смит.

– Ова не го забележувам кај сите клиенти, но многумина веруваат дека консумирањето повеќе млечни производи ги зголемува акните.

2. Главоболки и мигрени

Ако страдате од мигрена, исхраната богата со сирење и други млечни производи може да биде еден од предизвикувачите. Некои сирења се богати со тирамин, аминокиселина која природно се наоѓа во растителните и животинските производи, која отсекогаш била поврзана со главоболки и мигрена.

Сирењата со висока содржина на тирамин вклучуваат чедар, швајцарско сирење, пармезан, сите видови сино сирење и Камембер.

3. Слабеење

Ако се обидувате да ослабете, консумирањето сирење може да ви го задржува напредокот бидејќи содржи шеќери и масти. На пример, 30 грама чедар сирење содржи 120 калории и 30 милиграми холестерол. Покрај тоа, има 190 милиграми натриум, што е осум отсто од препорачаната дневна вредност, како и 10 грама масти, што е 15 отсто од препорачаната дневна вредност.

Внимавањето на тежината може да ве мотивира да се откажете од сирење на некое време. Но, тоа не значи дека треба засекогаш да се откажете од оваа храна. Доколку во овој момент не сте спремни да го исклучите сирењето од исхраната, одберете некое кое содржи помал процент на масти и полесно ќе ги изгубите вишокот килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *