Бескраен волумен – Оваа пролетна фризура ќе биде хит во 2023 година

25 март, 20230
676 (1)

Првите пролетни денови ги дочекуваме со тренди фризура составена од слоеви кои на косата и даваат прекрасен волумен.

Иако се уште сме во зимскиот период, пролетта полека тропа на вратата, а нема сомнеж дека со себе ќе донесе некои нови трендови во светот на модата и убавината. Како и во секоја сезона, така и оваа година ќе се наметнат нови трендови, што е особено видливо кога се фризурите во прашање.

Често велиме дека косата е нашата најубава декорација и детаљ кој има способност да го трансформира целиот наш изглед, но и да и даде одредена свежина која сакаме да ја гледаме во пролетните денови.

Исто така, една од причините зошто оваа фризура е омилена е тоа што одговара на секој облик на лице, без разлика дали се работи за долга коса, боб, фризура со шишки…

Ако размислувате за промена на фризурата оваа пролет, знајте дека со слоевите нема грешка. Оваа фризура е идеален избор дури и ако имате тенка коса бидејќи ќе создаде впечаток на волумен, а одлично ќе изгледа во комбинација со шишки кои се исто така еден од големите трендови оваа пролет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *