Жерар Пике ја објави првата фотографија со новата девојка: Фудбалерот повеќе не крие ништо, 22 години помлада од Шакира (ФОТО)

26 јануари, 20230
d3f1dced11d18bdd18f56061fe3b2b892d04c0df

Жерар Пике ја официјализираше врската со Клара Чиа Марти на социјалните мрежи, седум месеци по раскинувањето со Шакира

Шакира и Пике ја објавија својата разделба во јуни минатата година, по повеќе од 11 години заеднички живот кој им донесе два сина.

Поранешниот професионален фудбалер сега ја сподели првата фотографија со својата нова девојка (23) со која наводно ја изневерувал пејачката.

Од нивното раскинување, кое на прв поглед беше мирно, следеа само немили настани. Шакира минатата недела објави „песна за одмазда“ во која јасно се осврнува на Пике во негативен контекст, а стиховите алудираа на тоа дека тој ја менува за нешто помалку вредно. Шакира јавно објавува дека се чувствува изневерено. Пред објавувањето на песната, во објава на Инстаграм, пејачката напиша дека оние кои се изневерени „мора да продолжат“ да ја чуваат верата. „Дури и ако нашите рани се сè уште отворени во оваа нова година, времето има раце на хирург“, напиша таа.

Поранешниот пар ги има синовите Милан (10) и Саша (7). Тие првпат ја потврдија својата врска во март 2011 година, а се запознаа на снимањето на нејзиниот спот за „Waka Waka (This time for Africa)“, која беше официјална песна на Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *