Како да ја одржите свежината на авокадото и до 10 дена: Се што ви треба е сок од лимон

28 март, 20230
avocado-g822b93bb71920-830x0

Авокадото е навидум цврсто еден ден, а презрејува неколку дена подоцна. „Express.co.uk“ тестираше кој е најуспешен начин за одржување на свежината на авокадо.

Сокот од лимон и затворениот пластичен сад се покажаа како најдобро решение.

Првиот ден се сечело авокадото, а половината без семка била прелиена со сок од лимон и ставена во затворен сад, а потоа во фрижидер.

Во деновите од вториот до шестиот, авокадото ја задржало свежината и убавата зелена боја.

Седмиот ден внатре сè уште било зелено, но местото каде што била семката било малку поруменето.

Десеттиот ден, поголемиот дел од внатрешноста била зелена, но таму каде што била семката, почнало да скапува, поруменило, бидејќи на тоа место не бил истурен сок од лимон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi